ТАБАКЕРА
ако ја добиете – углед и почитување; ако ја изгубите – добивка во игри на среќа; ако ја најдете – радосна вест.
ТАБЕЛА
ви претстојат добри работи.
ТАБЛА
во непријатносите кои ќе ви се случат ќе добиете добар совет; ако пишувате на табла или бришете од неа – долгови.
ТАБЛЕТА
некој ќе излезе во пресрет на вашите желби.
ТАБЛИЦА
ќе западнете во долгови.
ТАВА
заработувачка; тава на оган – грижи; скршена тава – добивка; тава со маст или месо – пријатна средба со лице коедолго не сте го виделе; валкана тава – болест.
ТАВАН
непријатности; стан или соба на таван – немаштија; ако барате нешто на таван – неочекувани тешкотии.
ТАГА
ако на сон сте тажни – наскоро ќе се радувате.
ТАЈНА
ако дознаете некоја тајна – ќе стекнете добри пријатели; ако кажете некоја тајна или некој ја каже вашата – ќе доживеете срамота.
ТАМБУРА
веселба во друштво на пријатели; ако свирите на тамбура – завист.
ТАНЦ
ако гледате како други танцуваат – загуба, смрт; ако вие танцувате – разочарување во блиска иднина; сала за танц – ќе се ослободите од некои грижи; чевли за танц – кавги.
ТАПАН
кавга; ако слушате чукање на тапан – незгоди со власта.
ТАПАНАР
опасност од пожар!
ТАПЕТ
некоја тајна ќе биде откриена.
ТАПЕТАР
задоволство и среќа во удобноста на домот.
ТАТКО
ако го видите или разговарате со него – среќа; смрт на татко – непријатности; ако на сон станете татко – среќен брак.
ТАТКОВИНА
радост, но истовремено и жал за минатото; ако ја напуштате татковината – загуба.
ТВОР
ќе ве прелажат.
ТВРДИНА
лошо ќе зборуваат за вас; ако гори – болест; ако ја освојувате – загуба, лошо завршена работа.
ТЕАТАР
остварување на некои желби / посета од страна на некои стари пријатели.
ТЕЛЕ
имате работа со глупи луѓе и внимавајте да не ве исмејат; ако колете теле или други го колат – добивка.
ТЕЛЕГРАМА
ве очекува важна одлука.
ТЕЛЕГРАФ
неочекувани и изненадувачки новости.
ТЕЛЕГРАФСКИ СТОЛБ
ќе добиете вести од далеку.
ТЕЛЕФОН
ненадејни и неочекувани вести.
ТЕЛЕФОНИРАЊЕ
ако телефонирате – ве очекуваат итни работи; ако гледате како телефонираат – ќе добиете важна задача.
ТЕЛЕФОНСКА ЖИЦА
далечно и интересно патување.
ТЕЛЕШКО МЕСО
ако го јадете – благосостојба, за болни оздравување.
ТЕЛО
ако го сонувате своето тело здебелено – нема да ви недостасува храна; ако се видите убави и витки – во секое друштво радо ќе ве примат; ако се разголите – ќе ве посрамат; ако видите туѓо тело разголено – склони сте кон разврат; тело обраснато со влакна – среќа и радост; ако го миете своето тело – смрт на некој познаник; ако видите израсток на телото – грижи; ако имате болки во телото – ќе направите некоја глупост.
ТЕМЈАН
жалост или страв пред некој непријатен настан.
ТЕМНИЦА
болест; ако лутате по темница – непријатности; ако паднете во темница – ќе настрадате поради својата невнимателност.
ТЕНИС
ќе се запознаете со влијателни личности.
ТЕНК
опасност, несреќа.
TEHЏЕРЕ
благосостојба; големо тенцере – кавга; ако скршите тенџере – грижи, инает; празно тенџере – ќе се разочарате; полно тенџере – ќе ви биде неподносливо.
ТЕОЛОГ
ако видите теолог или вие се сонувате како теолог – ситничар сте, а освен тоа не можете да поднесете туѓо мислење.
ТЕПАЧКА
ако гледате тепачка – опасност; ако ве победат во тепачка – голема опасност; ако победите во тепачката – победа над непријателите.
ТЕПИХ
ќе бидете излажани; ако чистите тепих – неочекувано ќе ја постигнете целта.
ТЕПСИЈА
празна тепсија – штета, кавга; полна тепсија – тајна љубовна врска.
ТЕРАСА
ќе ве посетат некои непознати лица.
ТЕРМОМЕТАР
ќе негувате болен.
ТЕСТАМЕНТ
ако пишувате тестамент – ќе доживеете длабока старост; ако видите тестамент – за здрави добивка, за болни ништо добро.
ТЕСТЕНИ ПРОИЗВОДИ
недоразбирања дома, болест.
ТЕСТО
ако месите тесто – ќе имате непријатности.
ТЕТКА
наследство; ако на сон разговарате со неа – кавги со домашните.
ТЕХНИЧАР
опкружени сте со неблагодарници.
ТИГАР
имате опасен противник.
ТИКВА
надежите и желбите нема да ви се исполнат; ако јадете тиква – болест.
ТИЊА
болест; ако стоите во тиња – доаѓаат лоши времиња; ако сте измачкани со тиња – срам.
ТИРАН
ќе се ослободите од нечие тиранство; ако вие се однесувате како тиран – се занесувате со наивни желби.
ТИРКИЗ (БОЈА)
пропаднати надежи.
ТКАЕЊЕ
успех со многу труд.
ТКАЈАЧ
ви претстојат добри приходи.
ТОВАР
ако носите некаков товар – вложете барем малку труд за да не ви избега успехот; ако кревате товар – успех; ако го фрлите – ќе се ослободите од некои непријатни должности.
ТОВАРНА КОЛА
мали тешкотии, но на крајот ќе постигнете успех со туѓа помош.
ТОЛКУВАЧ
посета од далеку.
ТОЛЧЕЊЕ
ќе мора уште многу да работите за да дојдете до крајот на она што сте го започнале.
ТОНЕЊЕ
ако тонете во вода – неуспех; ако тонете во кал – ќе доживеете срам.
ТОП
кавги, страв и немаштија; ако пукате од топ – несреќа; ако чуете како се пука од топ – пресврт на лошо.
ТОПКА
краткотрајна среќа; шарена топка – разочарување; ако си играте со топка – немаштија; ако ја фрлате топката – караници; ако е дупната – ќе ви се распрснат лажните надежи и соништа.
ТОПОВСКО ЃУЛЕ
ќе се извлечете од некоја голема опасност.
ТОПОЛА
безгрижен живот, верно пријателство; дрворед тополи – безгрижен живот до длабока старост.
ТОПУК
среќа.
ТОРБА
патување во неизвесност; полна торба – не правете се важни без потреба; празна торба – мислете малку и на иднината; нова торба – поволни вести.
ТОРПЕДО
ќе направите некој смел потфат.
ТОРТА
ако добиете торта – радост; ако ја подарите – неизвесност во љубовните односи; ако јадете торта – покана за свеченост.
ТОЧКА
некоја работа со успех ќе биде завршена.
ТРАГА
ако наидете на трага – некој од вашата околина сака да ви нанесе штета.
ТРАМВАЈ
несреќен случај.
ТРАМПА
ако се трампате со некого за нешто – ќе доживеете неуспех поради својата неодлучност.
ТРАФИКА
ќе имате многу ситни издатоци.
ТРГОВЕЦ
успех во работата; ако сте трговец на сон – несигурна работа.
ТРГОВИЈА
ве очекува некоја активност, потфат од кој нема да имате голема корист.
ТРГОВСКИ ПАТНИК
ќе ве излажат затоа што сте лекомислени.
ТРЕВА
ќе патувате во далечни земји; искосена трева – проблеми со некој пријател; сочна трева – благосостојба; закржлавена трева – пазете се од лаги; ако корнете трева – болест; зелена трева – парична и материјална добивка.
ТРЕВОГА
ако е крената тревога на пример поради пожар – убава иднина.
ТРЕПКИ
здравје; изгорени трепки – кавги поради наследство; ако на сон ви паѓаат трепките – болест.
ТРИ (БРОЈ)
среќа.
ТРИАГОЛНИК
судири во семејството.
ТРИБИНА
ако се наоѓате на трибина – ќе се грижитеза некого, ќе го чувате или слично.
ТРИК
среќа во љубовта.
ТРИУМФАЛНА КОЛА
ако седите на триумфална кола – среќа и слава.
ТРИУМФАЛНА ПОРТА
ќе ги совладате непријателите.
ТРКА
ако гледате трка – ќе ги совладате пречките.
ТРКАЛО
мало тркало – мали успеси; големо тркало – големи успеси, но и жалосен крај; тркало од кола – радост поради успех; тркало што се врти – остварување на целта; скршено тркало – страдање; тркало што не сака да се врти – болест; тркало од машина – замрсена ситуација од која можете да се извлечете само со сила и снаодливост.
ТРН
во нога – ќе ве нападнат непријателите; ако се боцнете со трн – ќе ја смените професијата; ако паднете во трње – љубовни настани.
ТРСКА
ако видите трска во вода – ако не сте решителни ќе доживеете неуспех; ако сечете трска – задоволство и среден живот.
ТРУБА
ако на сон чуете труба – неостварени љубовни желби; ако свирите на труба – озборување.
ТРУДНИЦА
непријатности.
ТРУПКА
ако јадете трупка – задоволство; ако видите трупка – штета поради озборување; ако корнете трупка од земја – ќе се срамите без потреба.
ТРЧАЊЕ
ако трчате на сон – добивка, совладување на пречките; ако стигнете на целта трчајќи – успех, ќе ви се исполнат некои поскромни желби; ако гледате други како трчаат – несреќа; ако сакате, а не можете да трчате – ќе мора да совладате многу пречки пред да стигнете на целта; натпревар во трчање – неизвесна иднина; ако трчате пред некое животно – ве селдат непријателите; ако трчате по кола или друго возило – ќе доживеете низа непријатности пред да ви успее потфатот; ако паднете трчајќи – неуспех во эапочнатата работа.
ТУБЕРКУЛОЗА
ако на сон имате туберкулоза или некој друг има – бидете внимателни, неволји.
ТУЖБА
ако на сон тужите некого или се жалите на нешто – си создавате непотребни грижи.
ТУНЕЛ
работата што ја работите ќе потрае повеќе отколку што сте очекувале.
ТУПАНИЦА
кавга.
ТУРИСТ
непријатности.
ТУРКАЊЕ
ако на сон туркате некого – со упорност ќе го остварите своето право.
ТУРНИР
кавга.
ТУРПИЈА
успех, но со голем труд; ако нешто стружете со турпија – уште многу време ќе помине додека да си ја остварите целта.
ТУРЧИН
ќе се вплеткате во непријатна љубовна авантура.
ТУТОР
ќе ви недостига чувство на одговорност; ако сте некому тутор – не мешајте се во туѓите работи.
ТУТУН
непријатности; ако виткате тутун за цигара – ќе остарите пред време; ако расфрлате тутун – ќе се растажите поради заминувањето а некои драги познаници; тутун во поле – внимавајте да не се заборавате одвреме навреме; ако берете тутун – успех во работата; ќесе за тутун – убава иднина.
ТУШИРАЊЕ
ќе добиете признание за својот труд; ако гледате како некој се тушира – поради својата нерешителност ќе доживеете неуспех.