Таа е милионерка, а нејзиното семејство гладувало

popara3 ноември, 20121min00
Мmilionerka

Повеќе од пет месеци Американката Џули Сервер едвај успевала да ги плати сметките и да го прехрани семејството, незнаејќи дека станала милионерка.

Со нејзиниот добитен тикет на лотарија, Сервер освоила 23 милиони долари, но тикетот стоел заборавен во автомобилот. За веста која комплетно и го променила животот дознала оваа недела, кога добила снимка како нејзината ќерка Шарлин Маркес купува победнички тикет во продавница во калифорнија.

Управата на лотаријата ја објавила фотографијата во обид да го пронајде мистериозниот добитник кој бил извлечен во мај годинава.

-Го ставив тикетот во автомобилот. Во куќата имам околу 200 тикети. Никогаш не ги проверувам – рекла вчера Американката на прес-конференција.

Рокот за подигнувањето на наградата бил 180 дена. Доколку не го пронашла тикетот, важноста на наградата ќе престанела на 26 ноември годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag