Обемот на споловината на студентката Нерина Ортон (22) изнесува само 39 сантиметри. Британката неверојатната големина ја постигнала со носење на корсет 23 часа дневно. Девојката која од соборувањето на светскиот рекорд во најмал обем на половина ја дели само еден сантиметар, живее во Бирмингем и корсетот го симнува само кога се тушира.
Студентката на биомедицински науки на Универзитетот во Лондон, која дел од слободното време го поминува занимавајќи се како бурлеска, корсет носи од своите 14 години. Цел и е обемот на струкот да го намали на 35 сантиметри. Нерина поседува дури 78 корсети чија вредност изнесува 15 илјади фунти.
-Можеби никогаш нема да можам да облечам корсет со големина од 35 сантиметри, но обожувам корсети и не можам без нив – изјавила девојката и додала дека носењето корсети ја прави женствена.
Британката на почетокот имала проблем со оваа облека, бидејќи и било потребно време неговото носење да и стане рутина.
-Кога прв пат облеков корсет, со денови бев во агонија. Тоа боли многу, имав чувство дека се наоѓам во пеколот. На колковите од затегањето добив рани- открива таа.
Проблемот е решен со купување рачно изработени модели кои нејзината мисија за намалување на половината значајно и го олесниле. За нејзината тенка половина, покрај опсесивно носење на корсети, заслужна е и исхраната од шест помали оброци дневно.
Поради нејзината голема посветеност на нејзината чудна навика, студентката е изложена на големи здравствени проблеми. Со цел да спречи сериозна болест, Нерина два пати годишно оди на рентген зрачење. Нејзините ребра премногу се доближени едни до други, па затоа е неопходна постојана контрола на половината. Лекарско внимание бара и нејзиниот стомак кој е изложен на голем притисок од 23 часа дневно. Нерина нагласила дека до сега немала поголеми здравствени проблеми, но признала дака нејзиниот метод е помалку налудничав. За разлика од неа, нејзиниот дечко е многу загрижен за нејзиното здравје.
Опсесивната желба на младата британка довела до појава на анорексија со која Нерина се борела кога имала 16 години.
-Мислев дека изгледам дебело, па почнав да држам диета. Живеев на крекери и вода, а тоа беше многу исцрпувачки. Секој ден кога доаѓав дома, се расправав со мојата мајка, бидејќи не сакав да ја јадам храната која таа ја спремаше. Еден ден се погледнав во огледало и сфатив дека изгледам како дете. Носев облека за деца на возраст од 8-10 години. Беше тоа далеку од фигурата – песочен часовник, која очајнички ја посакував, изјавила студентката.