OLPCA (One Laptop per Child Association) го прикажа својот нов проект односно нов таблет кој пред се е наменет за децата и учениците од неразвиените земји.
Ефтиниот таблет, ќе биде опремен со сите неопходни функции, ќе користи малку енергија и ќе биде прилагоден за екстремни временски услови. Работи на Marvell ARMADA PXA618 SOC процесор, има Pixel Qi екран и подржуван е од Android и Linux. Овој таблет ќе може да се полни и со помош на соларна енергија.
Овој таблет ќе чини 99 долари, а OLPC на него работи од 2010 година.
Дополнителни информации ќе дознаете во видеото во продолжение:
httpv://www.youtube.com/watch?v=1238R-QY31E