Информатичарот Вилијам Мек Кеј сакал само да ја победи ќелавоста па почнал да пие таблети кои би го спречиле опаѓањето и ќе го поттикнат растењето на нова коса. Меѓутоа овие лекарства делувале сосема различно на неговото тело.
Од овие таблети не почнала да му расте косата, туку градите, па потоа почнале да му се шират колковите, лекарставата од него направиле жена, пишува Дејли Мејл.
По неколку месеци тој почнал да се облекува како жена и си го дал новото име Менди.
„Моите гради кои од теретана ми беа цврсти и стегнати, почнаа полека да стануваат меки и на крај се претворија во женски гради. Рамениците почнаа да ми пропаѓаат, колковите ми се проширија. На почетокот се чувствував чудно, но потоа се ми стана природно и се претворив во жена. Како од секогаш да сум бил жена“, изјавил Мек Кеј.
Тој моментално размислува за операција за промена на полот и ставил крај на својот десет годишен брак. Лекарствата по името „ Propecia“ се главниот виновник, а ова првиот ваков случај.