Марс секако е една од најинтересните планети во нашиот состав. Оваа планета ја инспирираше фантазијата на многумина, а сеуште е неистражено местото полно со тајни. Лежи ли клучот на неговата таинственост во месечината Фобос?
Фобос во претходните истражувања на вселената натера многу научници да шпекулираат. Неговиот необичен начин на движење околу Марс и другите одбележја го прават многу посебен, а едно од објаснувањата кои научниците ги нуделе за да ја објаснат неговата посебност е дека е шуплив.
Таа теорија ја изнесе рускиот астрофизичар Јосиф Шкловски, но теоритичарите ја отфрлиле неговата теорија. Сепак, покасно е утврдено дека можеби сепак делумно бил во право, бидејќи се чини дека 25 од 35 проценти од внатрешноста на Фобос на навистина шуплива.
И покрај трудот на научниците да ја истражат таинствената месечина, засега секој обид пропадна и тоа секој пат под сомнителни околности. Поради тоа, се погласни се гласините на оние кои тврдат дека Фобос не е природен сателит, туку станица на собирање на вонземјански сили кои сакаат да останат неоткриени.
Оваа теорија беше инспирирана од случајот на сондата која русите ја лансираа во 1989 година, а која требаше да слета на Фобос. По неуспешното слетување и прегледување на снимките кои сондата успеала да ги забележи, приметено било летало од непознато потекло, момент пред да престанат сите контакти.
За жал, до ден денес сеуште не е спроведена ниту една успешна мисија на Фобос, па не постојат цврсти докази кои би потврдиле било која од повеќе и помалку лудите теории кои кружат за таинствената месечина.