Ѕвездата од серијата “Сексот и градот”, 47-годишната Сара Џесика Паркер е горда на своите убаво обликувани мускули и грб.
Сара вели дека за ваквиот изглед се заслужни часови макотрпно вежбање.
Секој ден трча, вежба со личен тренер и зема часови по јога.
“Кога бев млада не вежбав, тогаш тоа воопшто не ми беше важно, но со текот на годините мускулите ми се опуштија и сфатив дека морам да го обликувам телото. Секоја година морам да вежбам се повеќе за да го одржам телото во добра форма”, изјавила актерката.
Иако има само 46 килограми, вели дека се чувствува здраво и задоволно во своето тело.