“Тајниот син” на пејачката Витни Хјустон ќе наследи дел од нејзиното богатство вредно 20 милиони фунти.
Хјустон не го посвоила официјално Ник Гордон, но тој ја нарекувал “мама” и бил третиран како дел од семејството и брат на 18 годишната ќерка на пејачката, Боби Кристина Браун.
“Ник беше дел од семејството, Витни го сакаше онакака како мајките што ги сакаат своите деца”, вели изворот.
“Дури и ако Витни не го споменала конкретно како наследник, Боби Кристина ќе се погрижи за него, бидејќи знае дека тоа би го сакала нејзината мајка, а и таа сама го сака како брат”, додава изворот.