Иако од нејзиниот татако ќе наследи три милијарди фунти, голам број на скапоцени автомобили и куќа која вреди 45 милиони фунти, Тамара , ќерката на сопственикот на Формула 1 Берни Еклстоун е многу штедлива.
Неколку месеци откако таткото ги критикувал неа и нејзината сестра Петра за пасипништво и ги обвинува дека ќе го изгубат семејното богатство, Тамара тврди дека сака да се ценка и дека тоа е особина која ја наследила од својот татко.
“Кога бев девојче, татко ми ме однесе да си ја купам јакната која многу ја сакав. Во продавницата почна да се ценка, а јас бев многу засрамена. Кога излеговме му реков “Се наоѓаме во луксузна продавница, а не на пазар во Мароко”, раскажала Тамара.
Но, подоцна, Тамара вели дека научила дека тоа бил многу паметен потег.
“Секој автомобил кој сум го купила, е купен по намалена цена. Последниот во низата го платив 20% помалку. Обожавам кога ќе успеам да ја намалам цената. Кој несака да се ценка?”, тврди Тамара.
Богаташката вели дека е толку опседната со штедење, што дури и навечер го исклучува греењето и ја затвара чешмата додека мие заби.
“Додека немав мобилен, родителите ги барав од јавни говорници и секогаш чекав апаратот на ми фрли нешто ситно”, вели Тамара и додава дека авионските карти ги купува порано, бидејќи тогаш се поефтини.