Тантрички совети за незаборавен секс

popara4 септември, 20121min00
секс

За да можете да ги искусите волшебствата на оваа древна пракса, не морате да изучувате книги туку да ги совладате следните три ритуали:

  •  Контролата на ејакулацијата е основна вештина која мажот треба да ја владее. Наместо во текот на сексот да ејакулира на првиот врв на енергија, како што прават повеќе мажи, може таа енергија да ја прошири низ целото тело и да продолжи со сексот до следниот врв.

За да ја одложи ејакулацијата, мажот треба да го стиска мускулот кој го спојува коренот на ‘рбетот и срамната коска кој инаку го притиска кога сака да го прекине мокрењето.

  • Во продолжувањето на половиот однос помага и дишењето на кое во тантрата му се дава големо значење. Кога партнерите дишат заедно, односно заедно издишуваат и вдишуваат, расте и нивната емотивна и ментална поклопеност и блискост.

Ако мажот сака да ја задржи оргазмичката состојба и да ја одложи ејакулацијата, треба да дише што подлабоко и полесно, замислувајќи при тоа како сексуалната енергија се шири по целото тело или како од половиот орган низ ‘рбетот се крева нагоре, до срцето и до самиот врв на главата.

  • Пред стапувањето во полов однос партнерите треба да бидат во состојба на љубов, блискост и разбирање, ослободени од било какво чувство на срам. За тоа служат техниките на зближување како што е заедничкото слушање музика, разговорот, мазењето, заедничката купка или заемна масажа како вовед за секс.

Нешто поинаква техника е онаа со гледањето во очите на партнерот. Партнерите седат еден спроти друг и десетина минути во тишина се гледаат во очи, со што помалку трепкање. Можеби ви се чини чудно, но гледањето во очите на партнерот е најубавиот начин да постигнете длабока блискост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag