Тарт со аспарагус и пармезан

popara3 февруари, 20121min00
AsparagusTartlets

Потребни состојки:

За кора:

200 гр. брашно

1 лажичка сол

2 лажици вода

½ ќесичка прашок за пециво

2 лажици маслиново масло

За фил:

250 гр. аспарагус

1 јајце

100 мл. млеко

1 лажичка сол

Црн пипер

100 гр. рендан пармезан

Припрема:

Во посебен сад ставете го брашното, солта, прашокот за пециво, маслото за јадење и водата и замесете го тестото. Доколку е потребно додадете уште малку вода. Од тестото развлечете кора, па ставете ја во намрсен калап за тарт. Печете во загреана рерна на температура од 200 степени околу 10тина минути.

Варете го аспарагусот во солена вода околу 3 минути, па извадете го и исцедете го. Изматете ги јајцата, додадете го млекото и солта.

Врз испечениот тарт додадете го прво ренданиот пармезан, па аспарагусот, а одозгора полејте ја смесата со јајца и млеко. Вратете ја тавата во рерна и печете уште 25 минути, па оставете го тартот да се излади 5 минути пред да го извадите од тавата и да го послужите. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma