Татко и две деца ограбиле седум банки!

popara19 ноември, 20121min00
grabez

Минатата недела во Америка се уапсени Роналд Скот Кат (50), неговиот син Хајден (20) и ќерката Аби (18) под сомнение дека ја ограбиле кредитната задруга во Тексас.

Тие се осомничени и за грабеж на седум банки во две сојузни американски држави.

Од канцеларијата на шерифот Форт Бенда во Тексас информираат дека семејството, кое неодамна се преселило, е одговорно за уште еден грабеж во нивниот роден Орегон.

Роналд и Хајден Кат на 1 септември со оружје влегле во банката и ги земале парите, додека Аби ги чекала во автомобилот.

– Тој е самохран родител. Мислам дека сопругата му почина, па морал да превземе одговорност за децата и можам да ви кажам дека секогаш беше тука за нив – вели Ерик Лунди.

По кривичната пријава за кражба, таткото и синот се задржани во затвор со кауција од 140.000 долари, а за Аби е одредена кауција од 100.000 долари.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag