Пред неколку години тангите беа популарена долна облека, но сега изгледа дека и заврши модата.
Продажбата на женските килоти во Велика Британија пораснала за 47%, додека минималистичките танги опаднале за 12%. Сега се помодерни стануваат поголемите женски гаќи кои се во ретро стил.
Исто така овој тренд ќе се одрази и на костимите за капење, наместо популарните бикини кои сокриваат само малку на женското тело, од оваа година па натаму се очекува враќање во минатото. Па така на плажите мажите повеќе нема да гледаат во секси тела со мали бикини, бидејќи жените ќе носат костими за капење какви што носеле некогаш pin-up моделите.