За повеќето луѓе најтешко е да се започне интимен разговор преку телефон, а истиот да не испадне смешен или пак не вкусен.
Ако се чувствувате чудно или се срамите да започнете секси разговор по телефон, еве еден податок… 85 % од мажите во САД во една анкета се изјасниле дека немаат ништо против сексот преку телефон.
Интензивно и необично искуство – сексот преку телефон сигурно ќе ви овозможи добро поврзување со партнерот или партнерката. Треба да се опуштите и да зборувате што сакате да правите и да ви прават. Една од најважните работи е самодовербата и довербата во партнерот со кого се впуштате во секс преку телефон.
Исполнување на фантазии – треба да започнете со соодветни зборови и сигнали за да разговорот не добие друг смисла и да испадне смешно. Сексот преку телефон може ад ви ги исполни фантазиите, со тоа што ќе зборувате каде се сакате да ве допираат, каде се сакате да го правите тоа и на кој начин.
Кажете си што сакате да ви прават – кога ќе го започнете овој тип на разговор преку телефон треба да бидете лежерни и да почнете нормален разговор, а со текот на времето да се претвара во интимен и еротски. Можете да користите зборови кои имаат двојно значење, нагласувајќи што сакате да ви прават.
Најубаво е да се легнати и опуштени. Изгасете ги светлата и намалете ја музиката или телевизорот. Користете и скриени значења од кои вашиот партнер ќе „полуди“ од возбуда. Немојте да се ограничувате, колку сте повеќе експлицитни толку „разговорот“ ќе биде подобар!