Телешко со сирење

29 октомври, 20120
shniclisir

Потребни состојки:

  • 4 телешки шницли (600 гр)
  • 300 гр блитва
  • 2 лажици брашно
  • 80 мл масло
  • 180 гр сирење трапист
  • 1 лажица вегета

Сос од домати:

  • 1 конзерва пелати (400 гр)
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл пасирани домати
  • 50 мл бело вино
  • 80 мл вода
  • 1 лажичка шекер
  • 1 лажичка вегета

Начин на подготовка:

Телешките шницли исчукајте ги и посипете ги со вегета, а потоа извалкајте ги во брашно. Потоа испржете ги на загреано масло околу 10 минути од секојс страна додека не добијат златно-жолта боја. Блитвата кусо ставете ја да се готви во посолена вода, а потоа исцедете ја и исечкајте ја. Во длабока тава на маслиново масло, запржете ги пелатите, додадете сечкан лук, пасирани домати, вегета,шекер,вода и вино. Динстајте на тивок оган околу 15 минути. На запржените шницли распоредете ја приготвената блитва,па на неа положете ги парчињата сирење. Шницлите ставете ги во тавата со доматите и покриено оставете да се готви уште околу 10 минути, додека сирењето не се стопи.
Совет: Ова јадење е исто така вкусно,ако го приготвите со филе од мисирка.

Време на пдготовка: 60 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber