Иако е благословена со совршена фигура на која и завидуваат жените ширум светот, токму како што по неа фантазираат мажите, немојте да мислите дека Миранда Кер не ‘работи’ на својата убавина .
29 – годишниот модел напорно вежба за да ја задоволи формата на престојните Victoria’s Secret Fashion Show. Објавувајќи на Твитер фотографија на која вежба со приватен тренер, Миранда ја покажала својата совршено извајана фигура.
Мораме да признаеме дека дури и во ова нефомално издание, ангелот на Victoria’s Secret изгледа како штотуку да ‘излегла’ од некоја насловна. “Секое утро вежбам барем половина час јога за да се чувствувам добро”, изјавила Миранда претходно оваа година и ја открила тајната на својот добар изглед.