Колку добро го познавате партнерот? Дали отворено разговарате? Како функционирате?
Одговорете на следните прашања и ќе дознаете дали сте идеална двојка…
1. Дали ги знаете сите прекари на вашиот партнер?
А) воопшто незнаете дека ги има
Б) знаете само еден
Ц) ги знаете сите дури и оние од детството
2. Дали знаете кој број на кондури носи и кој е неговиот конфекциски број?
А) незнаете никогаш не сте се интересирале за тоа
Б) да но не сте сигурни 100%
Ц) знаете
3. Дали правите заеднички долгорочни планови?
А) не секој си има свои планови
Б) често планирате заедно
Ц) да имате многу заеднички планови и често разговарате за нив
4. Колку често се гледате и колку време поминувате заедно?
А) често ви се случува и не се гледате секој ден
Б) поради работните обврси се случува и да не се видите, но тоа е ретко
Ц) се гледате секој ден и викендите ги поминувате заедно
5. Дали знаете се за неговиот љубовен живот?
А) тоа за вас е табу тема, никогаш не зборувате за минатите љубовни искуства
Б) го знаете она што мислите дека е важно
Ц) да упатени сте во сите негови минати љубовни врски и авантури
6. Кој мислите дека најдобро го познава вашиот партнер?
А) неговите најдобри пријатели
Б) неговата мајка
Ц) вие
Најмногу одговори под А – Слободен
Меѓу вас и партнерот постои невидлива пречка која не дозволува вистински да се препуштите еден на друг и да уживате во заедница. Често знаете да се однесувате како странци. Тешко дека ќе ја сочувате врската доколку не се потрудите да комуницирате и подобро да се запознаете.
Најмногу одговори под Б – Хармоничен
Добро го познавате партнерот убаво се согласувате и меѓусебно се надополнувате. Имате слични желби и цели. Уживате во времето поминато заедно, а отворено разговарате за сите ситуации. Секој од вас ја почитува индивидуалноста и потребата некогаш да се биде сам.
Најмногу одговори под Ц – Совршен
Одлично го познавате партнерот, максимално уживате и секој слободен момент го поминувате заедно. Меѓу вас нема никакви тајни, па затоа секаде се чувствувате исполнето, опуштено и заштитено. Сакате да си помагате еден со друг и зааедно да правите планови за иднината. Сепак, би било добро да задржите мала независност и таинственост. Доколку не го промените тоа можно е да си здосадите еден со друг.