ТЕСТ: Проверете како есента влијае на Вас!

popara17 септември, 20121min00
esen-22

На секое од следните прашања можете да изберете само еден одговор А, Б или В.

1. Вашиот астролошки знак во кој сте родени e:

А. Риби, Овен, Бик или Близнаци

Б. Рак, Лав, Јарец или Водолија

В. Девица, Вага Шкорпија или Стрелец

2. Вашето омилено време од денот е:

A. Утро

Б. Целиот ден

В. Ноќ

3. Со задоволство би заминале на излет:

А. Покрај бистар поток на ливада полна со диви цвеќиња

Б. На топол тропски остров

В. На благите падини на лозови насади, овоштарници или на падините со дрвја со костени

4. Место на кое сакате да излезете и да се забавувате:

А. Забава во домашни услови, стан, куќа, дворче, скара…

Б. Журка со многу луѓе и добра забава или останувате дома со добар филм

В. Елитен ресторан со пријатна атмосфера и добра храна

5. Градот кој би сакале да го посетите е:

А. Рим

Б. Фиренца

В. Венеција

6. Земја во која би сакале да отпатувате:

A. Италија

Б. Чешка

В. Австрија

7. За каква соба сонувате:

А. Едноставна соба со голем балкон

Б. Сосема ви е сеедно, само креветот да е удобен

В. Соба со дрвен мебел и убава работна маса

8. Која боја ќе ја одберете?

А. Зелена

Б. Сина

В. Портокалова

9. Која од слениве изреки ќе ја одберете?

A. На младите светот останува

Б. Секогаш златна средина

В. Трпението е мајка на успехот

Сега треба да изброите колку одговори имате под А, колку под Б, и колку под В. Тестот е составен од непарен број на прашања, така што нешто мора да надвладее. Единствено во случај ако од секоја буква имате по три резултати, тогаш можете да се сметате за многу прилагодлива личност, најблиска до оние кои имаат намногу Б одговори.

Најмногу одговори под А – Есента не ви носи ништо добро

Вие сте личност која есента ја доживува како време кога нешто заминува, исчезнува, проаѓа. Тоа во вас понекогаш изразува тажно расположение и меланхолија. Уште ако сте метеопат, ви недостасува топлина и сонце. Дури и есенските топли денови на вам не ви се доволни. Расположението во ова време од годината се движи во надолна линија, а вие обично се вовлекувате во свој внатрешен свет до “следната сезона”, пролет или лето. Обидете се на есента и на она што таа го носи да гледате позитивно. Обрнете внимание на предностите и убавините. Освестете се и побарајте ја светлата страна за деновите оваа сезона да ви бидат посреќни и поисполнети.

Најмногу одговори под Б – Tолерантни и прилагодливи

Или сте личност на која не и е гајле какво е надвор времето или дали е зима, лето, или пак со леснотија се адаптирате на се. Понекогаш ги сакате промените. Есента за вас претставува само една во низата промени кои ни ги носи природата и животот. Вие сте зрела личност и добро се вклопувате во различни ситуации. За вас секое годишно време има своја магија. Го сакате животот и имате разбирање за многу нешта. Умеете да се радувате на се и сешто, па така и на есента.

Најмногу одговори под В – Вие дефинитивно добивате многу со доаѓањето на есента

Вие сте личност која со тек на време добива, а не губи. Знаете да ги дочекате своите 5 минути и да ги искористите. Есента за вас е време кога вашите идеи и дела созреале и добиле конечно свој облик. Во таа смисла затоа ја сакате есента. Трпеливи, вредни и сакате работите да ги завршувате темелно и до крај. Уживате во се со мерка. Некои луѓе ве доживуваат и како исклучително лојална личност, па затоа лесно ви доверуваат тајни. Есента на вас влијае добро и инспиративно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma