Тестирање на сида наскоро и преку смартфон

popara4 септември, 20121min00
сида

Група истражувачи од Јужна Кореја и Јужна Африка развила апликација за смартфон, која овозможува дијагностицирање на сида – сматскоп.

Иновативната апликација, во својата бета фаза овозможува фотографирање и анализа на примороци од крв за да се потврди сомнежот дека некој има сида ипроценка на соодветна терапија во зависност од состојбата на имунолошкиот систем.

Смартскоп медицинското помагало содржи два дела. Споменатата апликација и помошно медицинско средство составено од мал, милиметарски микроскоп и осветлувања кои се фиксирани над камерите на телефоните.

Апликацијата сеуште е во фаза на детални лекарски прегледи, бидејќи медицината најмногу се “грижи” за веродостојноста на споредувањето на примероците од крвта од базата на апликацијата со примерок на крвта на плочата пред микроскопот.

Смартскоп за сега е прилично ветувачки проект, кој на многу луѓе ќе им го олесни тестирањето на сида. Истражувањата покажуваат дека многумина кои се сомневаат дека се заразени не одат на тестирање само затоа што се грижат од осудата на околината и можноста за време на тестирањето некој да го дознае токму тоа – дека се сомневаат дека ја имаат оваа болест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma