Ти ли закасна или нема воз за патник како тебе?!

popara11 февруари, 20121min01
2

Гледаш во толпата и единственото што го гледаш се празни души…луѓе кои се мислат за среќни, луѓе кои мислат единствено за себе си. Настрана има толку малку минувачи, што ја заобиколуваат толпата. Тоа се луѓето, што се пронашле себе си, кои не се сметаат за среќни, но се благодарни за тоа што го имаат.

Се вртиш во круг од кој не можеш да излезеш, круг кој се врти заедно со тебе и не ти дозволува да го напуштиш. Сите те прашуваат како си и ти незнаеш што да одговориш…Прашањето е толку лесно…и ти го знаеш одговорот, но не бараш сожалување.

Да носиш маска е толку тешко…Кога ќе се погледнеш во огледало и не се гледаш себе си. Таму гледаш еден амбициозен човек, што ги знае одговорите на сите прашања. Но тоа така ли е? Има ли луѓе што знаат се?! За секој воз има патници…Ти ли закасна или нема воз за патник као тебе?! Ако продолжиш да пешачиш, можеш да одиш безкрајно и да го пропуштиш твојот воз. Но ако продолжиш да чекаш и тој не се појави, ризикуваш да загубиш се што си имал… и најпаметните кога ќе се судрат со ова, занемуваат. Ти не си сам, тука сме заедно со тебе сите ние кои го чекаме нашиот воз да дојде!

One comment

  • Ѓуро

    13 февруари, 2012 at 18:14

    Мора да ми кажете кој Ви ги пишува овие текстови. Во секој се пронаоѓам и стварно би сакал да знам кој е авторот.
    Секоја Чест !!!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag