Ти никогаш не виде која сум јас…

popara2 март, 20121min00
2

Јас ли?! Јас сум детето што се радува на оние мали и неважни за другите нешта.

Јас сум детето што открива во секој сончев зрак убавина.

Јас сум детето со невина широка насмевка.

Јас ли?! Јас сум детето што често прави грешки, без да сака и без лоша умисла…

Јас сум детето во чии очи понекогаш има солзи.

Јас сум девојката со големи сјајни очи. Во нив ќе откриеш чиста, недопрена љубов, без место за солзи.

Јас сум девојката што верува дека нема невозможни работи. Ќе ја допрам и месечината иако знам дека ќе ме изгори.

Јас ли?! Јас сум девојката што премногу зборува и ја подарува својата доверба само така…А после ги собирам парчињата од мојата ограбена душа. Јас сум девојката со големи мечти, понекогаш и нереални, која никако да се откаже и покрај се…

Јас ли?! Јас сум таа чие срце било кршено, таа што се колнела дека нема повеќе да верува, но повторно поверувала…

Јас сум жената која преживеала премногу, но не барај тага во мене, нема да ја најдеш.

Јас сум таа што паѓа и наоѓа сили да стане, јас сум таа што многу одавна требаше да престанам да верувам и да се надевам и да ја избришам љубовта како да не постои, но не го направив тоа!

Јас сум жената што никогаш не губи вера. После дожд, сум научила дека секогаш сонцето изгрева!

Јас ли?! Јас сум жената што ќе ти подаде рака кога ќе паднеш. И покрај тоа што пред малку ти ме фрли на земјата…

Јас ли?! Верна на себе си останав!

Јас ли?! Пред тешкотиите никогаш не се предадов!

Јас ли?! И скршена, пак можам да сакам!

Јас ли?! Се што имав…се раздадов!

И не жалам!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag