Хирурзите на Универзитетската болница центар во Мериленд успеале на Ричард Ли Норис да му направат целосна трансплатација на лице.
Ричард Ли Норис (37) доживеал исклучително тешки поврди на лицето во несреќа со огнено оружје во 1997 година. Цели 15 години излегувала само ноќе, носел маска, и морал да се сокрива од очите на јавноста.
Но, оваа година лице му донирало семејство на анонимен донатор чии органи спасиле живот на четири луѓе истиот ден, а на Норис според неговите зборови, ‘му подариле нов живот’.
“Сега можам да одам покрај луѓе и никој не се врти по мене. Моите пријатели продолжија со нивните животи, зпочнаа семејства и кариери. Јас сега можам да почнам да работам на новиот живот кој ми е вратен”, изјавил Норис.
Операцијата е резултат на повеќе од десет години на истражување кое е финансирано од страна на американското Министерство за одбрана.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=dWpUvdvcHSI