Како и секоја тинејџерка таа сака високи потпетици, но тешшко ги наоѓа.
Британката Ема Кејхил која има 19 години е девојката со најголеми стапала во Европа. Таа носи британски број 14 за обувки, што би значело 48-49 европски обувки.
Обувки за себе оваа девојка наоѓа само во една продавница која се наоѓа во Германија.
Покрај големите стапала, Ема е висока скоро 2 метри, па затоа тешко наоѓа и соодветна гардероба. Британските медиуми само за споредба напишале дека таа има поголема нога и од фудбалерот Крауч.