Кралицата на попот го објави тизерот за вториот сингл, “Girls Gone Wild” од новиот албум “MDNA”.
Официјалниот датум на објавување на синглот уште не е познат, но менаџерот на Madonna, Gay Oseary на неговиот Твитер профилот потврди дека ова ќе биде вториот сингл кој пристигнува наскоро.
“Режисерите на спотот за песната “Girls Gone Wild”, кој се снимаше оваа недела, се Mert и Markus, кои работеа на фотографиите и на насловната страна на албумите”, напиша Gay.
Првиот сингл на Madonna “Give Me All Your Luvin”, кој беше премиерно изведен во полуфиналето на Super Bowl, во моментов е десетти на Billboard топ листата, а исто така е и нејзиниот 38-ми сингл кој се наоѓа меѓу десетте најдобро продавани во Америка.
httpv://www.youtube.com/watch?v=MDbmJ9fjKMU