Него да си го чуваш, тоа е човекот за тебе!

popara15 март, 20121min00
28

Барај го човекот што ќе ти се восхитува како на човек, кој ќе ти посочи каде грешиш без да го засегне твоето достоинство.

Барај го човекот што нема да те испушти од своите раце, кога другите ќе се обидуваат да ве разделат еден од  друг.

Барај го човекот што може да ти даде смирение, без да ја одзема твојата сила и да те потчини на својата. Човекот што ја сака твојата индивидуалност, не човекот што сака да ја менува.

Барај го човекот што ќе го сподели со тебе својот свет до целосно соголување, без да му е непријатно од тебе и без да му е срам пред тебе за тајните што ти ги доверил.

Барај го човекот што има храброст да ти ја довери својата љубов, верувајќи дека ќе ја оцениш и не го предавај!

Барај го човекот за кој си многу вредна и затоа никогаш нема да те предаде.

Барај го човекот кој ќе се обиде да те разбере, дури и да неможе, но ќе се обиде, а нема да те обвинува дека не се сообразуваш со него.

Барај го човекот што ќе се радува на твојата радост и ќе страда од твоите солзи.

Барај го човекот во чиј свет има место за твојот, како и во твојот за неговиот.

Барај го човекот што ќе ти се предаде себе си во доверба и со љубов, зошто знае дека заслужуваш.

Барај го човекот во чии очи можеш да се видиш гола, расоблечена и не толку убава и без шминка и неспокојна и тажна, очи во кои погледнувајќи се кокетно ќе видиш само едно – љубов.

Барај го човекот кој открива човек во тебе.

И кога ќе го најдеш, пази го како највредното од твојата душевност.

Зошто тоа е човекот за тебе!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag