Тоа ли заслужуваат луѓето кои веруваат во своите мечти?!

popara20 март, 20121min00
11

Душите исто како и потоците и растенијата имаат потреба од дожд, но поинаков, дожд од надеж, од вера, од нешто поради кое вреди да се живее. Кога не врне таков дожд, се во душата умира, а телото продолжува да живее. За таков човек би можело да се каже, дека неговото тело некогаш имало душа.

Има три работи што возрасните треба да ги научат од децата: да бидат радосни без повод, секогаш да се занимаваат со нешто и да се стремат со сите сили кон тоа што го сакаат. Кога сите денови ќе ви се чинат еднакви, значи дека сте престанале да ги забележувате убавите нешта во животот.

Тоа ли заслужуваат луѓето кои веруваат во своите мечти? Луѓето едноставно се откажуваат да живеат. Не плачат, туку само стојат и очекуваат времето да минува. Тие не го прифатија предизвикот на животот и животот повеќе не им носеше предизвици. Ти ризикуваш да станеш како нив, спротивстави се, дочекај го храбро тоа, што ти го носи животот, не се откажувај.

Секогаш е многу полесно да веруваш во сопствената добрина, отколку да се исправиш против другите и да се бориш за своите права. Секогаш е полесно да не вратиш на нанесената навреда, отколку да се осмелиш да влезеш во битка со некој посилен од тебе, секогаш можеш да кажеш дека каменот фрлен по тебе не те повредил и само ноќе – кога си сам, само ноќе можеш да го оплакуваш молчаливо сопственото малодушие.  Човек се дави не затоа што скокнал, туку затоа што останал под водата.

Во крајна сметка, што е среќата? Љубов, ми велат. Но љубовта никогаш не носи среќа. Токму обратно, поврзана е со тага, личи на бојно поле, носи многу безсони ноќи, во кои се прашуваме дали сме постапиле правилно. Вистинската љубов е екстаза и агонија.

Видов дека осаменоста е посилна кога се обидуваме да се бориме со неа, и слабее кога едноставно не и обрнуваме внимание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag