Тоа не е мој проблем!

popara17 март, 20121min00
1

Животот е премногу краток, за да не разговараме, за да не се бакнуваме, за да не сме среќни. Заедно.

Кога ги гледам од балконот минувачите, ги замислувам секој од нив затворен во еден балон. Така изолирани од останатите минувачи, тие го живеат само својот живот. Сите живееме во такви балони. Со поглед насочен кон внатре, во еден непрекинат поток на самоанализа. Ова си го објаснувам вака – немаме друг избор. Не можеме да ја носиме и болката на другиот. Станува некако премногу. Нема како да му ги решиме проблемите, зошто човек секогаш има свои. Ако проблемите на другите станат твои проблеми, единствениот начин да го решиш твојот проблем е ако го решиш проблемот на другите…Зошто еднаш ако ја прифатиш оваа одговорност, проблемите само ќе ја сменат бојата и формата, но како и да е ќе присуствуваат како твои. Престани. Тоа не значи дека не си добар човек или дека не сакаш да помогнеш. Животот си тече и еден ден сигурно ќе си кажеш „Зошто се занимавав толку многу со проблемите на другите, наместо да испијам чаша чај на некоја сончева тераса?“. Тоа е верига, во која со желбата да бидеш добар, стануваш проводник на проблеми.

Секој сам да си ги решава проблемите!

Ако си осамен – отвори се. Осаменоста секогаш е личен избор. Излези. Запознавај луѓе. Гледај ги. Бидете пријатели.

Ако си депресиран, побарај ја причината. И запомни – ти си еден од 7 милијарди. Твојата депресија не е ништо поспециална од таа на некој беден индиец, кој има вистински проблеми. Не си интересен. Излези надвор.

Ако имаш потреба од совет, дај си го сам. Ти знаеш најдобро.

Понекогаш навистина правиш лоша услуга, кога помагаш. Многу луѓе живеат со мислата дека присуството на проблеми е она што го прави нивниот живот посебен. Емоции како очај, тага, немир…се заразни и хронични. Ако некој се храни со нив, не е потребно и ти да му јадеш од супата.

Престани и биди среќен човек.

Кажи – Тоа не е мој проблем!

Можеш ли? Ако не, тогаш научи и кажи не!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma