Тогаш кога си готов да се откажеш – тогаш си најблиску до целта!

popara27 февруари, 20121min00
3

Приказните помагаат на децата да заспијат, а на возрасните да се разбудат…овие се за нас!

***Секое утро кога антилопата се буди, таа знае дека треба да биде побрза и од најбрзиот лав, зошто во спротивно таа ќе умре.

Секое утро лавот се буди со мислата дека треба да биде побрз и од најбрзата антилопа, зошто во спротивно тој ќе умре од глад.

Затоа секое утро, без разлика дали си лав, или антилопа, кога сонцето ќе изгрее, најдобро е веќе да трчаш!

***Стар чероки раскажувал на својот внук за борбата која се води во секој еден од нас. И му рекол на момчето дека во нашата душа постојано се борат двајца волци. Едниот е зол, тој е гневот, зависта, недовербата, стравот, алчноста, лагата, егоцентризмот…Другиот е добар – тој е радоста, среќата, љубовта, надежта, скромноста, искреноста, верата…

Внукот се замислил за момент и потоа запрашал:

–        И кој волк победува?

–        Тој што ќе го нахраниш. – одговорил стариот чероки.

***Понекогаш децата го разбираат животот многу подобро од возрасните. Зошто тие не мислат за иднината и не се грижат за непознатото. За децата е важна сегашноста. Ако во моментот се добро, значи се е во ред. Но со растењето човек ја губи оваа способност. Започнува да прави планови за иднина, кои не секогаш може да ги изгради. И еден ден осознава дека најсреќниот период од животот му бил детството…Зошто?

***Животот е твојата тетратка…Во неа имаш слобода да пишеш глупости, лаги или…едноставно да ја скинеш страницата…

***Бидете првокласна верзија на самите себе, а не второкласна верзија на некој друг.

***Или ќе го преодолееш стравот и ќе излезеш на сцена, или цел живот ќе останеш зад сцената.

***Во животот не е важно од каде доаѓаш, кој си и каде одиш, а дали успеваш да си среќен по патот додека одиш.

***Дека сум паметен – паметен сум, но зошто сум толку убав?! Сигурно зошто сум скромен, а скромноста го краси човека!!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma