Има многу начини за да се изрази љубовта, но ова секако е еден од позабавните!
Бијонсе и Џеј Зи не се обидуваат да сокријат колку се сакаат, впрочем зошто би го криеле тоа…Тие се една од најмоќните и најбогатите двојки во светот на шоубизнисот, а неодамна го добија и свето прво дете.
Бијонсе овој пат својата љубов ја изразила на малку покреативен начин, со тоа што го ископирала своето и лицето на нејзиниот сопруг на украсените нокти. Вака се секогаш заедно!
Фотографијата ја објавила на својата официјална веб страна, преку која комуницирала со своите обожаватели и каде ги споделува фотографиите од својот приватен живот.
Бијонсе работи во полна пареа, а сега прифатила и режисерско деби, со кое ќе направи документарен филм за својот живот и семејството.