На ѕвездата од “Mission Impossible” му била понудена улога во новиот филм на Clint Eastwood.
Tom Cruise би требало да се приклучи на Beyonce во снимањето на римејкот на филмот “A Star Is Born”. Минатата година Beyonce потврди дека ќе ја игра младата пејачка која се обидува да се прослави, а за Cruise е наменета улогата на “пропаднатиот” музичар кој се заљубува во неа.
Оваа улога претходно беше понудена на Leonardo DiCaprio, Will Smith и Christian Bale, но тие мораа да ја одбијат бидејќи во истиот период се ангажирани во други проекти.
Оригиналниот филм, “A Star Is Born” е снимен во 1936 година, а веќе има две римејк, едниот во 1954 година, а другиот во 1976 година. Главната женска улога беше глумена од страна на Janet Gaynor, Judy Garland и Barbra Straisand.