Црвен кармин, негувани нокт и нагласено деколте се три работи кои ќе ги натераат мажите да фантазираат, но се наоѓаат и на листата на топ 20 работи поради кои жените се чувствуваат секси.
Црвен кармин на усните е фантазија како на мажите така и на жените.
Откриени се топ 20 работи поради кои жените се чувствуваат секси, а прва на листата е омиелниот парфем.
Истражувањето е спроведено од страна на една козметичарска компанија од Велика Британија по повод лансирањето на нови уметнички трепки покажало дека заминувањето на прамените, боењето или рамнењето на косата се наоѓаат високо на листата работи поради кои жените се чувствуваат секси, како и опуштање со топла купка на крајот на денот.
Истражувањето покажало дека жените навистина знаат што им е потребно за да се чувствуваат заводнички, но тоа не го прават, па така се чувствуваат само еднаш неделно и тоа обично во сабота. Најголем проблем е недостатокот на време за себе поради преполниот дневен распоред.
20 трикови кои прават жените да се чувствуваат секси
- Нанесување на вашиот омилен прафем
- Голема насмевка
- Средени и обоени нокти
- Прамени и боење на косата
- Средување на косата во фризерски салон
- Нагласено деколте
- Опуштање во када
- Кратко здолниште и Високи потпетици
- Push-up градник
- Педикир
- Нагласена make-up на очите
- Вежбање
- Извиткување на косата во кадрици
- Црвен кармин на усните
- Тесен топ кој ги нагласува градите
- Секси долна облека
- Депилација на целото тело
- Темен тен
- Вештачки трепки
- Накит во големи количини, со вкус се разбира