Трагична исповед: Таткото ја силувал од 4 годишна возраст!

popara6 ноември, 20121min00
naslovna

Во видеото кое Бри Либранд го постави на интернет таа му се заканува на нејзиниот татко со три пиштоли. Во 12 минутното видео Бри вели дека нејзиниот татко Стивен Бреслер почнал да ја силува кога наполнила 4 години, продолжил тоа да го прави до нејзината 13 година.

– Добив меил од You Tube во кое ме информираат дека човекот кој ме силуваше во поголемиот дел од животот, кој ја зеде мојата девственост и ја ограби мојата невиност се претплатил на мојот канал на You Tube да ги гледа моите видеа – ја почнува видео пораката Бри без грам шминка на себе и со солзи во очите.

– Никогаш не стигнав да сведочам на суд и да раскажам како се чувствував кога мојот татко ме врзуваше со синџири и ме малтретираше на 4 години – вели Бри.

Таа во изјавата вели дека не само што неа ја силувал туку и повеќе пати се обидел да ја убие нејзината мајка. Кога се обидела да ја одбрани ќерка си „завршила во локва крв“ вели Бри.

– Ја гледав мајка ми облеана во крв а потоа тој ми се нафрли мене. Се уште имам ноќни мори и мислам дека ќе ме убие.

Бри успеала да избега од нејзиниот татко на 13 годишна возраст. Завршила Универзитет, станала актерка, а на еден од локалните избори за убавина го освоила првото место.

– Сакаш ли да знаеш каква личност сум јас сега. Мислам дека станав актерка бидејќи морав да избегам од својата реалност. Реалноста на тортурите кои ти ги правеше. Сега сум добра во тоа. И тогаш се преправав дека сум на друго место. Стивен Бреслер, кога ме силуваше мојата свест беше на друго место.

Во петтата минута од видеото Бри покажува три вида на оружје порачувајќи му на нејзиниот татко дека е подготвена за него.

– Иако ќе бидам засекогаш оштетена од тебе, не си го видел најдоброто од мене. Не заслужуваш да живееш. На крајот ќе бидеш казнет и одвај чекам. Дотогаш подалеку од мене!

Дејли меил пишува дека оваа видео порака отворила дискусија едни сметаат дека девојката ги испитувала своите актерски способности, а други дека таа и без тоа е доволно присутна на интернет и не би измислила нешто толку страшно само за да ја гледаат повеќе луѓе.

Нејзините видеа за убавината и шопингот имаат по 2 000 гледачи. Ова видео достигна до 200 000.

http://www.youtube.com/watch?v=B1iUog2lL8k&feature=player_embedded

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma