Бред Пит е еден од најпознатите актери во Холивуд кој не се плаши да го промени лицето за улогата.
Така било и на сетот на снимањето за магазинот Interview. Бред Пит е еден од врвните актери кој лесно се поврзува со својата улога, па така воопшто не му претставувало проблем да се трансформира во неколку типови на фраери.
На едната фотографија покриено му е окото, на другата во бел смокинг, на третата како лош рокер, како стар јамајканец…а сето тоа го овековечил познатиот фотограф Стивен Клајн – Бред Пит е вистински камелеон!
Но кога станува збор за неговиот приватен живот, тој точно знае кој е и што прави! “Сакам да бидам доволно достоен да раскажам приказна за своето семејство. Тие ми се сè. Семејството е на прво место”, изјавил Бред во интервјуто за Анџелина и нивните шест деца.
Многу е посветен на неговата улога, и за него е многу важно се да тече во најдобар ред. “Како стареам, се повеќе зависи со кого работам. Тоа ми е многу важно, бидејќи ако се откажувам и 14 часа дневно, неделно, месечно поминувам на сет, тогаш ми е важно целото свое време да го поминувам со луѓе кои ги ценам и со кои уживам да работам”, порачал 47-годишниот актер.