Се очекува градењето на овој мост да започне наредната година. Турската влада распишала тендер за изградба на трет мост во Истанбул со цел да се намали сообраќајниот метеж.
Турско италијанскиот конзорциум на градежници дал најдобра понуда за објавениот тендер според кој треба да се изгради уште еден мост преку Боскфор, изјавил турскиот министер за сообраќај.
Тој додал дека турската градежна компанија Иктас и италијанската Асталди дале најдобра понуда за изградба на автопатот и висечкиот мост кој ќе ги поврзува европскиот и азискиот дел од Истанбул. Според него се проценува дека мостот би чинел околи 4,5 милијарди турски лири, односно 2,45 милијарди долари, а изградбата би траела 3 години.