По успешното отварање на фестивалот „Браќа Манаки“ македонскиот филм „Трето полувреме“ дојде и пред скопската публика.
Синоќа се одржа премиерата на филмот, а ќе продолжи и да се прикажува понатаму во кино Милениум.
Во филмот се работи за фудбалскиот тим „Македонија“, а паралелно е отсликана и љубовната приказна на Ребека, еврејка која го избегнала холокаустот и депортацијата во логор. Филмот се темели на вистинскаа приказна на Нета Коен.
Во филмот, главните улоги ги толкуваат Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски. Музиката е на Кирил Џајковски.
Погледнете го видеото, а не заборавајте и потоа да го погледнете филмот и на кино, затоа што токму овој филм ќе биде македонскиот кандидат за Оскар во категоријата филмови од неанглиско подрачје.
http://www.youtube.com/watch?v=_k6JFczOGZE