Трикови за да постигнете долготраен make up на вашите очи

popara22 септември, 20121min00
smoky-eye-beauty-and-the-feast

 Вашите “smokey eyes” секогаш одлично изгледаат на почетокот на вечерта, но по неколку часа очите ви изгледаат како воопшто да не сте ги нашминкале?!

Долготраен вечерен make up е сон на секоја девојка која ги сака ноќните излегувања, а со неколку совети, ќе ви помогнеме и најпосле да го постигнете.

1. Нанесете база

База за make up не е само добар маркетинг трик – таа навистина делува. Базата нанесете ја на капаците неколку минути пред нанесување на шминката и добро размачкајте за да не се направат грутки.
2. Коректор на капаците

Ако не сакате да трошите пари за база, искористете го коректорот кој веќе го имате дома. Нанесете го на капаците се до вегите и утапкајте со прстите. Сенката подобро ќе ја нанесете, а ќе биде и долготрајна.
3. Слоевитост

Пред сенката во прав, на очите нанесете малку крем сенка во сличната нијанса. Внимание: немојте да претерувате со сенката за крајниот резултат да не изгледа неуредно.
4. Водоотпорен туш

Имате проблем со тушот за очи кој брзо исчезнува – набавете водоотпорна варијанта. Истото важи и за моливчињата за очи. Ќе трае цела ноќ, а лесно можете да го отстраните со млеко за шминка или бејби масло.
 5. Навиткајте ги трепките

Многу шминкери велат дека ова е еден од најдобрите начини визуелно да ги зголемите очите, а од некоја непозната причина, по оваа постапка – маскарата подолго трае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag