Карминот кој брзо се вади, лицето кое неподносливо свети под шминката и кожата која е уморна од пудра, се проблеми кои можат едноставно да се решат.
Како од модните писти
Едноставни тикови од најдобрите светски шминкери може да ви помогнат во секој период во текот на денот да изгледате свежи, затоа што вашата шминка ќе изгледа како штотуку да сте ја нанеле на вашето лице. Покрај тоа, тоа ќе ви заштеди пари, затоа што вашите омилени кармини, сенки и пудри ќе ги ставате поретко и во помала количина.
Ослободете се од вишокот сјај
Кога лицето ќе почне да свети, нема потреба да ја вадите комплетно целата шминка. Доволно е со обично хартиено марамче да ја упиете масленоста и да го испрскате лицето со малку тоник, кој ќе ја освежи кожата и ќе ги собере порите. Вишокот течност повтоно упијте ја со марамчето, нанесете пудра во прав и вашето лице ќе изгледа свежо.
До совршено нежни усни
Специјален пилинг за усни, кој ќе ги направи вашите усни мазни како што од секогаш сте сакале, кој можете сами да го направите. Помешајте еднаква количина на кафеав шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила. Со таа смеса нежно истријте ги усните и избришете го остатокот од пилингот. Тие ќе бидат совршено мазни и спремни за шминка, а карминот на нив ќе добие интензивна боја.
Направете си сами пилинг
Бидете сам свој мајстор и сами направте си пилинг за лице. Помешајте маслиново масло, шеќер или сол во размер еден према два и додајте неколку капки етерично масло од лаванда и грејфрут. Пред туширање со таа смеса истријте ја кожата, па потоа исперете ја со топла вода.
Карминот да трае подолго
Од кога ќе нанесете кармин на усните, на хартиено марамче ставете малку пудра во прав, а потоа ставете го марамчето помеѓу усните и нежно стиснете. Марамчето веднаш ќе го впие вишокот руж, пудрата ќе ја фокусирате на усните, а со тоа ќе ја спречите вишокот боја да ги обои вашите заби.