
Откако во болницата во Палермо, се породила една жена, бебто дошле да го видат дури тројца мажи, а секој од нив бил убеден дека бебето е негово.
Во болницата настанала толкава збрка, што вработените морале да повикаат полиција.
Според италијанските медиуми, сите тројца мажи биле во љубовна врска со мајката на бебето и секој од нив мислел дека е татко на истото.
Ниту еден од мажите несакале да заминат од болницата, додека мајката не каже чие е детето.
Мајката само со прст покажала кон еден од мажите, а другите изјавиле дека ќе бараат доказ за тоа.
Мајката со бебето и веројатно вистинскиот татко по неколку часа ја напуштиле болницата.