Источно од Мадагаскар, во преубав африкански архипелаг во Маурициус, се наоѓа егзотично одморалиште „Constance Le Prince Maurice“…
„Constance Le Prince Maurice“, се наоѓа на само 25 минути возење од главниот град на Маурициус, Порт Луис, односно 15 минути возење со хеликоптер од аеродромот.
Со самото пристигнување, гостите ќе бидат фасцинирани со архитектурата која го краси одмаралиштето. Секој детал зрачи со егзотичност. Собите на гостите ќе им понудат суперлуксузна удобност “зачинета” со прекрасен поглед. На целиот рисорт “обезбедува” заносен мирис на океан, кој дополнително допринесува за егзотично чувство. „Constance Le Prince Maurice“ поседува 76 „Junior“ апартмани, 12 „Senior“ и еден „Princely“ апартман. Секој е опремен со луксузен мебел и поседува најмодерно опремена бања.
Стручниот персонал е на располагање на гостите за часови тенис или јога. За љубителите на голф постои и терен со 18 дупки. Доколку одморот на прекрасната плажа и бањање во кристално јасниот океан е недоволно за целосно уживање, тука е и современиот спа центар…
Цената за ноќевање во ова егзотично одмаралиште се движи од 335 евра.