Трст – Југословенска носталгија со капиталистички шарм…

popara10 март, 20122min00
Trieste Italy

Додека познатите писатели како Џемс Џојс, Рилке, Итало Свево, на брегот на морето бараа инспирација за нивните дела, многубројните Југословени времиња пиевме еспресо и купувавме гардероба… Секој кој живеел во некогашните среќни времиња, веќе знае дека станува збор за преубавиот италијански бисер – Трст.

Самиот град е на прекрасна локација. И не само тоа, магијата на Трст ја создава самиот капиталистички дух во кој опстанува и примесите на оптимизам кои секој турист со задоволство ги прифаќа. Целата архитектура, која најдобро може да се согледа преку Сан Џусто, а го отсликува периодот пред  19 век, се чини бледа и нејасна пред масивната неокласична архитектура на Борго Терезијано, човекот кој ги иницираше новините во овој град и човекот чие име го носи новиот модерен градски центар. Трст се развива на североисточниот дел на Италија. На југ и исток граничи со Словенија, на Запад излегува на Јадранското море, а на север има тесна врска со остатокот на Италија.

Трст е и град на политички екстреми,  место за собир и инспирација на бројни интелектуалци. Дури и Фројд престојувал овде многу време. Можеби големиот број плоштади, цркви, палати е се суштината за инспирација. Можеби средоземната клима, локалното остро црно вино, препознатливото сирење или најубавото еспресо. Како и да е, нам секогаш ќе ни останат сеќавањата за времето кога Трст беше најубавата дестинација во која пиевме кафе и купувавме фармерки…

И покрај југословенската носталгија, Трст и ден денес нуди медитерански шарм, кој Ве очекува секој ден од годината… Следниве фотографии ќе Ве уверат !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag