Пејачката Адел во петокот на својата официјална веб-страница им ја објави на фановите среќната вести – трудна е! “Со огромна радост морам да ве известам дека Симон и јас чекаме бебе. Ние сме многу среќни за тоа, но ве молам да ја почитувате нашата приватност, засекогаш ваша Адел”, напиша на својата веб страница.
Да се потсетиме, пејачката стана позната после “срце-парателниот“ албум инспириран од болката по распадот на долгогодишната врска. Долго време се жалеше во медиумите дека и е тешко да најде маж и да се заљуби, а потоа во нејзиниот живот пред една година влезе Симон Конечки.