Турците тврдат дека имаат Библија стара 15 века!

popara28 февруари, 20121min00
655v

Турција тврди дека посесува Библија стара 1500 години во која пишува дека Исус Христос го најавил доаѓањето на пророкот Мухамед.

Папата Бенедикт XVI побарал да ја види книгата која била сокриена во изминатите 12 години.

Книгата чија вредност се проценува на 28 милиони долати, наводно содржи пророштво на Исус за доаѓањето на Мухамед, што за Католичката црква е непифатливо, изјавил турскиот министер за туризам Ертугрул Гунај.

„Доколку оваа Библија биде прифатена то би значело дека Исус признал дека е човек, а не Бог, а тогаш Светото тројство би било безначајно“, додал Гунај.

Министерот исто така потврдил дека Ватикан ја побарал книгата на увид.

Турските власти книгата ја откриле во 2000 година во операцијата против шверцување на реликвии.

Библијата била запленета и долго се наоѓа во Анкара во просториите на Врховниот суд, а наскоро ќе биде изложена во Етнографскиот музеј, пренесуваат агенциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag