Будистичкиот храм во провинцијата Karnchanaburi во западен Тајланд веќе 12 години е засолниште за голем број тигри.
Се заопчнало кога селаните пронашле мало напуштено тигарле, а потоа оделе од куќа до куќа да бараат помош за него. На крај тигарчето го примиле монасите во храмот. Од тој ден па до денеска во овој храм има голем број тигри, а се почесто станува и туристичка актракција.
Поголемиот број на тигри се на слобода во кругот на храмот, а туристите без никаква опасност може да им се приближат, да ги погалат и да се фотографираат со нив. Тајланд е една од 13-те земји кои се засолниште за загрозената популација на тигри, а овој прокет добил и меѓународна поддршка. Бројот на тирги во природата денеска е опаднат на 3200.