Седумдесет и четири девојки, од кои 21 од странство и 53 од Македонија, се откриени во изминатите девет месеци годинава, во 14 акции во угостителски објекти во тетовско – гостиварско. Осум девојки биле од Албанија, седум од Србија, три од Косово, две од Бугарија и една од Швајцарија. Сите наводно биле ангажирани како пејачки и танчерки или келнерки.