Ами Лоу Нели (38) од Стјуарт, Флорида, уапсена е минатата недела откако нејзиниот сопруг ја уловил како се секса со 16 – годишен ученик во автомобилот на училишниот паркинг. Уапсената жена инаку предава веронаука на една христијанска академија.
Учителката ја открил и пријавил нејзиниот сопруг, кој со помош на GPS сигналот на мобилниот ја следел до местото каде се нашла со ученикот. Учителката е обвинета за сексуален напад, а со кауција од 15.000 долари е пуштена да се брани од слобода.
Нели наводно и рекла на полицијата дека поминува преку криза на средните години и дека ученикот постојано ја молел за секс, па таа попуштила.