Една банкарска службеничка од банката „Barclays“, украла повеќе од 46.000 фунти од благајната и ги потрошила на естетска операција.
Рејчел Клер Мартин (24) со украдените пари си ги зголемила градите, била на забар, липосукција и надградба на коса.
Парите ги земала „малку по малку“ не наеднаш, мислејќи дека така нема да ја забележат. Најчесто таа би земала 1000 до 2000 фунти и ќе ги префрлела на својата сметка.
Младата мајка на судењето ја признала вината.