
Многу млади жени сметаат дека ноќниот крем е потребен само на повозрасните дами. Всушност, овој козметички каприз е неопходна терапија за регенерација на кожата, без разлика дали имате 20 или 40 години.
Уште помеѓу 20-25 годишна возраст епидермисот почнува да го губи својот тонус и од тој момент па натака е потребна специална грижа.
Ако во текот на денот ја храниме и заштитуваме кожата од студ, ветар, сонце, загаден воздух и слично, тогаш во текот на ноќта треба да обезбедиме услови за релаксација и опоравување од штетите нанесени во текот на денот од различните фактори.
Во текот на ноќта активноста на клетките е најизразена и убрзано се регенерираат. Ноќниот крем од своја страна ги обезбедува неопходните елементи, кои ја зголемуваат ефикасноста на органските процеси.
Основната функција на ноќниот крем е да го активира процесот на обновување на клетките, да ги активира хемиските процеси и биотрансформации, кои се одвиваат во епидермисот.
Користете го ноќниот крем секојдневно, непосредно пред легнување, после темелно чистење на лицето со лосион и тоник.