Умерено со црната чоколада

popara10 јануари, 20121min00
crna cokolada

Жените кои јадат умерена количина на црна чоколада имаат помала веројатност да заболат од болести поврзани со срцето и крвотокот од оние кои воопшто не конзумираат црна чоколада, но претераното уживање во ова слатко задоволство има обратен ефект и го зголемува ризикот.

Според резултатите од едно истражување, научниците во текот на девет години набљудувале 31.823 жени од Шведска над 35 годишна возраст и откриле дека жените кои секоја недела во просек јадат 100 гр. висококвалитетна црна чоколада имаат 32% помал ризик од заболување од срцеви болести.

Жените кои јадат од една до три порции (од по 30 гр.) месечно имаат 26% помал ризик, додека оние кои јадат црна чоколада секој ден се соочуваат со 38% поголем ризик да развијат некое срцево заболување.

„Не може да се занемари фактот дека чоколадата е храна богата со калории и дека секојдневното конзумирање го зголемува ризикот од вишок на килограми, а со тоа и ризикот од многу болести“, вели координаторот на истражувањето доктор Мареј Мителман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag