“Паметни” чорапи!

popara1 октомври, 20121min00
corapi

Вашите чорапи се во парови, нели? Но понекогаш едниот од “парот” одлучил дека треба да оди на самостојно патување низ вашиот дом и тогаш ќе биде многу забавно, но и нервозно за вас.  Искрено, не е воопшто забавна потрагата по отсутниот чорап, а и нема да се лажеме –сигурно ни се случило барем еднаш да облечеме два различни чорапи.

Па, очигледно не сме единствените кои страдаат од неориентираната суштина на чорапите, бидејќи Сами Лиечти од Blacksocks решил дека мора да го реши еднаш засекогаш овој проблем и создал посебни чорапи со чип кои можат да се “бркаат” благодарение на специјалната апликација за iPhone (за сè веќе постои апликација).

Наречена “паметни чорапи”, апликацијата го покажува “животот” на чорапите, кој го скенирате, односно ќе ви го даде идентификацискиот број под кој бил произведен и кога сте го нарачале, ќе ви раскаже дали е за перење, кој е другиот чорап “партнерот” од парот и дали воопшто има “партнер” (може да исчезнал без трага) , а ако нема таков, ќе ви посочи друг соодветен.

Целиот пакет кој го нудат од Blacksocks, се состои од 10 пара црни чорапи, се разбира, и еден скенер, и сето тоа чини 189 долари. А апликацијата за која заборавивме да ви кажеме дека покажува и колку е избледен чорапот, е бесплатна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma