Жената која тврдеше дека е најстарата жена на светот синоќа починала, на возраст од 132 години и 91 ден.
Грузијката Антиса Квичава имала документи според кои е родена на 8 јули 1 880 година. Меѓутоа, експертите се сомневале во тоа затоа што станувало збор за копии, а не за оригинални документи кои што таа ги изгубила.
Антиса во последно време живеела со 40 годишниот внук. Покрај него, таа имала уште девет внуци, 12 правнуци и шест праправнуци.